Курти: Одам кај Тачи без договор со ДСК

Од:

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти пред денешниот состанок со претседателот на Косово изјави дека оди на консултации без договор со Демократскиот сојуз на Косово (ДСК).

Тој потсети дека конститутивната седница на Парламентот беше одржана на 26 декември без политички договор со ДСК на која потоа беше избран за претседател на Парламентот Глаук Коњуфца од Самоопределување.

Тој го повика раководството на ДСК да му испрати имиња на луѓе што би воделе пет министерства како и име за потпретседател на владата или прв потпретседател на владата и истовремено објави имиња на идни министри од неговата партија.

Тоа се: за втор потпретседател на владата – Хаки Абази, за министерот за правда, Албуљeн Хаџи, за министер за надворешни работи и дијаспора, Блерим Река, министер за финансии Бесник Бисљими, министер за економија, трговија и индустрија Розета Хајдари и министер за здравство и спорт, Арбен Вити.

– Се обврзувам дека штом ќе имам шест имиња од ДСК, ќе го објавам името на министер од несрпските и српските заедници на Косово, рече Курти.

Во овие моменти се одржува и состанок на парламентарната група на ДСК, по што ќе се одржи претседателството на партијата.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски