Наполитано го назначи Берсани за мандатар за состав на новата италијанска влада

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го назначи лидерот на левоцентристите Пјер Луиџи Берсани за мандатар за состав на новата италијанска Влада.

Берсани, чија коалиција има апсолутно мнозинство во Претставничкиот дом, но нема мнозинство во Сенатот ќе почне веднаш си консултации за составување на кабинетот. Најпрво тој ќе има средби со лидерите на двата дома на Парламентот Пјетро Грасо (на Сенатот) и Лаура Болдрини (на Претставничкиот дом).

По врачувањето на мандатот Наполитано нагласи дека од досега водените консултации добил впечаток дека во италијанската политика постои голема поделеност, но и покрај тоа сите политички сили биле свесни за предизвиците со кои се соочуваат.

Наполитано призна дека за Берсани е тешко формирање на широка коалиција поради поделбите, кои се појавија повторно на крајот на парламентарната сезона во 2012 година.

Берсани уште вчера говореше за промените, кои сака да ги воведе и нагласи дека е отворен за сите парламентарно претставени сили.

Според анкетата изработена по нарачка на телевизијата РАИ тре, 66 отсто од анкетираните сметаат дека Берсани нема да ја добие поддршката во Сенатот.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски