(ВИДЕО) Пешевска: Нападите на функционери на СДСМ кон министерката Мизрахи, затоа што е Еврејка е еклатантен пример за говор на омраза

Од:

„СДСМ во паника од неминовниот изборен пораз шири говор на омраза и антисемитизам. Нападите на функционери на СДСМ кон министерката во МТСП Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка е еклатантен пример за говор на омраза.

Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во стилот на нацистите на Хитлер, повика Рашела Мизрахи да биде обележана со давидова ѕвезда затоа што е Еврејка. СДСМ повикува на обележување и линч на македонските евреи како Рашела Мизрахи.
Активистката на таканаречената шарена револуција Видана Бошкова Мицевска во стилот на Смаиловиќ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија, а Рашела Мизрахи Еврејка која соработува со нацистите“, рече Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните.

Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој. Затоа бараме итно извинување од СДСМ и

Зоран Заев за говорот на омраза на нивните функционери. Ова ли е општеството на еднакви граѓани за кои лажеше Заев. Заев и СДСМ под итно да престанат со говорот на омраза.

Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата.

Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ

Ваквата политика на поделби ќе биде поразена на изборите на 12 април. Политиката на поделби е резултат на нервозата и стравот од пораз. Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев“, изјави Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери