Владата на првата следна седница ќе определи средства за пожарите во Австралија

Од:

Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, порача денеска премиерот Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил.

Тој нагласи дека Амбасадата на земјава во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата дијаспора.

-Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата, истакна Спасовски.

Информира дела Владата на РСМ на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите.

-Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Ајкула за неколку секунди растргна на парчиња искусен сурфер

А1он

Филип Поповски го истрча маратонот во Сиднеј: „Доживување е да трчаш заедно со Кипчоге и Шифан Хасан“

Голема полициска операција е во тек по убиството на двајца полицајци во Австралија

Австралија: Илјадници луѓе се придружија на најголемите пропалестински и антиизраелски протести

Австралија ќе ја признае палестинската држава

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Австралија најголеми снежни врнежи во последните децении, десетици илјади луѓе без струја

Катерина Ѓуровски