Вториот круг од претседателските избори во Хрватска со подобра излезност

Од:

На вториот круг од претседателските избори во Хрватска до 16 часот и 30 минути гласале повеќе од 1,5 милиони гласачи, односно 43,52 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Оваа излезност е подобра од првиот круг, односно околу 190.000 гласачи повеќе.

Во Хрватска се одржува вториот круг од претседателските избори, седми по ред, со повеќе од 3,8 милиони избирачи кои имаат право на избор меѓу поранешниот премиер Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската СДП и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидат за владејачка ХДЗ.

Новиот хрватски претседател ќе биде кандидатот кој ќе освои повеќе гласови од граѓаните кои ќе излезат на биралиштата што ќе бидат отворени до 19 часот.

Првите прелиминарни изборни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб