Големите пожари што ја уништуваат Австралија произведуваат толку многу топлина што создаваат свои време-системи, вклучително и огнени торнада.
Противпожарната служба на Нов Јужен Велс (РФС) предупреди дека крајбрежниот пожар создава сопствен систем на 287 километри јужно од Сиднеј.
– Тоа е многу опасна ситуација. Следете ги условите околу вас и преземете соодветни мерки, објави РСФ на социјални мрежи.
За временските услови се вели дека се резултат на формирање на облаци пирокумулонимбус, што се пријавени ширум светот, но сепак, климатските промени се многу почести во Австралија.
Пожарите, потпомогнати од високите температури и силниот ветер, продолжуваат да пустошат на источниот брег на Австралија.
Австралиските власти велат дека најлошите услови за ширење на пожари допрва се очекуваат.
Шеснаесет пожари во австралиската држава Викторија се обележани со највисоко ниво на опасност и луѓето во тие области се евакуирани.
Во Нов Јужен Велс има 12 пожари на највисоко ниво, а пожар има на повеќе од 100 локации во двете држави.
Откако избувнаа нови пожари и некои од постојните се вон контрола, министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, ја нарече ситуацијата катаклизмична.
– Морам да бидам искрен, ова не се шумски пожари, ова е атомска бомба, рече Констанс.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека ситуацијата со пожарот е „многу променлива“.
– Пред нас е долга ноќ и најлошото допрва треба да се случи, рече Берџиклиан.
Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека загинале 23 лица од септември, кога почна сезоната на шумски пожари, од кои дванаесет загинаа оваа недела.
Pyrocumulonimbus near Bowral #NSWfires #bushfires pic.twitter.com/FzgPNX7H34
— Christopher Mortimer (@mortie23) January 4, 2020