Линдвик победник на ски-скоковите во Инсбрук

Од:

Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на денешните скокови од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Тој попладнево во австриски Инсбрук со скокови од 133 во првата и 120.5 метри во втората серија собра најмногу бодови – 253.3, доволно за првата позиција.

На победничкиот подиум се искачија и Давид Кубацки од Полска (133 и 120.5 метри вкупно 252 бода) и Даниел-Андре Танде од Норвешка (126 и 131 метар за вкупно 249.3 бода).

Линдвик победи и во Гармиш-Партенкирхен и врза две победи по што стана прв фаворит за трофејот на „Четири скокалници“.

Новогодишната турнеја завршува в понеделник (6 јануари) со скоковите во Бишофсхофен.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска