Филипче: Со вистински здравствени политики двојно ја намаливме смртноста на предвремено родените бебиња

Од:

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е позитивен пример за успешно функционирање. Во изминатиот период, направени се значајни подобрувања, со што подигнатa e здравствената заштита на повисоко ниво, соопшти Министерството за здравство.

– Со вистински здравствени политики двојно ја намаливме смртноста на предвремено родените бебиња. Спроведовме обуки за ефективна перинатална грижа и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација. Со овие обуки, спроведовме стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема и надградивме вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период, изјави министерот Филипче.

Преку донација обезбедени се три респираторни машини – најнова генерација за високо фреквентна механичка вентилација за новороденчиња. Клиниката за гинекологија и акушерство е првата здравствена установа во целата држава со вакви апарати.

Исто така, подобрени се условите за престој на родилките во Клиниката за гинекологија и акушерство. Обезбедена е нова постелнина за болничките кревети, бојадисани се сите 24 соби на одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата, облека и 16 нови креветчиња за бебињата. Со унапредувањето на условите за престој и лекување на новороденчињата и мајките постигнати се европските стандарди, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска