Сулејмани идентификуван по прстенот, нападот извршен со дрон

Од:

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој беше убиен утрово во американски воздушен напад во Ирак, е идентификуван по прстен на раката бидејќи неговото тело било разнесено, изјави неименуван ирачки политичар за американски медиуми.

Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот бил извршен со дрон недалеку од карго-зоната на аеродромот, откако Сулејмани излегол од авионот и му се придружил на Абу Махди ал-Мухандис, командант на проиранските ирачки сили ПМФ и други во автомобили.

Двајца официјални претставници на ПМФ соопштија дека телото на Сулејмани е распарчено во експлозијата и дека не го пронашле телото на Ал-Мухандис.

Седум други лица загинаа во конвојот, меѓу кои и зетот на Сулејмани, објави „Билд“.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он