Бајден: Трамп уфрли динамит во кутија со ќибритчиња

Од:

Демократите во САД изразија денеска загриеност дека убиството на командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани во американски напад во Ирак ќе предизвика ескалација на судирот со Иран.

Адам Шиф, претседавач со Одборот на Претставничкиот дом задолжен за надзор на тајните служби објави на Твитер дека Сулејмани бил одговорен за насилства и дека светот без него е подобар. Тој додаде дека Конгресот сепак, не одобрил ракетен напад.

Крис Марфи член на Одборот за надворешни работи постави прашање дали САД ја убила втората најмоќна личност во Иран знаејќи дека предизвикуваат потенцијално голема регионална војна.

Кандидатката за демократски претседателски кандидат Елизабет Ворен рече дека убиството на Сулејмани е „невнимателен потег“ што ќе зголеми веројатност за нови жртви и конфликти на Блискиот исток.

Слично реагираше и Џо Бајден, наведувајќи дека потегот ќе предизвика ескалација на судири во веќе ризичен регион.

– Претседателот Трамп уфрли динамит во кутија со ќибритчиња и и должи на американската нација објаснување за стратегијата и планот за да се заштитат нашите војници и амбасади, луѓе и интереси, дома и во странство како и наши партнери во регионот и пошироко, објави Бајден на Твитер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија