Голем раст на цените на нафтата по убиството на иранскиот генерал

Од:

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти откако високиот ирански воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад, што доведе до загриженост дека ескалацијата на тензиите на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот.

Цената на сировата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што е највисока цената на нафтата од 17 септември, бидејќи пазарите се плашат дека Иран би можел да возврати со напад врз постројките на САД и неговите команданти на Блискиот исток како одмазда за убиството на својот командант.

Цената на сировата нафта „US West Texas Intermediatea“ (WTI) нарасна за 1,76 долара, односно за 2,9 отсто, на 62,94 долари за барел. Претходно таа достигна цена и од 63, 84 долари за барел, што беше највисока цена од 1 мај минатата година.

-Иран сигурно на некој начин ќе возврати на нападот- одмазда ќе има, како што се случуваше во минатото, со тоа што го нарекуваме асиметричен начин. Нема директно да се соочи со САД, но можеби повторно ќе нападне саудиски танкери, можеби повторно саудсики нафтени рафинерии, за Ал Џазира изјави Џон Тирман, извршен директор на Центарот за меѓународни студии на Институтот за технологија во Масачустетс.

Во воздушниот напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад утринава е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната Кудс единица на иранската Револуционерна гарда, како и командантот на иранската милиција, Абу Махди ал-Мухандис.

САД потврдија дека го извеле нападот, а Пентагон во соопштение наведе дека „цел на нападот била спречување на идните планови на Иран за напади“.

Во соопштението се наведува дека операцијата била изведена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер објави фотографија од американското знаме само неколку часа по објавувањето на веста за убиството на иранскиот генерал.

-Факт е дека Иран ќе возврати и ќе ги нападе американските ресурси и постројки или ресурсите и постројките на американските сојузници во регионот, како и дека тоа ќе го стори во текот на следниот период, рече Тирман.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он