Австралиската армија почна да евакуира стотици луѓе кои се загрозени од пожарите од југоисточниот град Малакута.
Брод на австралиските воено поморски сили пристигна во Малакута за да ги евакуира луѓето кои за време на новогодишната ноќ најдоа засолниште на плажите. Додека од воените авиони беше фрлена хуманитарна помош во изолираните региони од огнот.
Во пожарите во Австралија загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици се водат како исчезнати. Повеќе од 1.300 куќи се опожарени од септември, кога почнаа пожарите. Огнот уништи површина двојно поголема од Белгија.
Надлежните предупредија на влошување на временските услови в сабота пради јачината на ветровите и зголемени температури.
Поради чадот од пожарите, квалитетот на воздухот во Канбера е најлош во светот, а ветровите го носат чадот и кон Нов Зеланд.