Бернс: Северна Македонија е на позитивен пат што ветува

Од:

Американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс во своето прво новогодишно обраќање истакнува дека земјава минатата година ја завршила подготвена да ја реализира долгогодишната аспирација да стане членка на НАТО, дека се продлабочуваат односите со САД, а оти можностите за регионална интеграција се светли. Се зајакнува, вели, економијата на земјата, која, исто така, продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење. Но сепак, потенцира Бернс, остануваат уште многу работа и многу предизвици, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.

-Вашата земја ја заврши годината седејќи на маса со своите идни НАТО-сојузници во Лондон, подготвена на почетокот на 2020 година конечно да ја реализира долгогодишната аспирација да ѝ се приклучи на Алијансата, вели амбасадорката во видеото со новогодишното обраќање објавено на Твитер профилот на Американската амбасада во Скопје.

Таа вели дека во изминатава година се бележи продлабочување на билатералните односи со САД, споменувајќи го одржувањето на воената вежба „Одлучен удар“ и посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој, како што вели имал можност да изрази поддршка за земјата.

-Разгледувате нови можности со вашите соседи. Економијата зајакнува и расте и изгледите за идна регионална интеграција се светли. Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење за да ѝ овозможат на земјата просперитет и напредок, вели Бернс.

Амбасадорката смета дека позицијата на земјава како регионален лидер на годишното рангирање на Светска банка за можностите за правење бизнис ги охрабрува странските инвеститори. Бернс завршува со порака дека остануваат уште многу предизвици и работа, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска