ВИДЕО: На Токсикологија примени 29 алкохолизирани лица, најмладиот е 14-годишно дете

Од:

Најмладиот пациент кој завршил на Клиниката за токсикологија при универзитетскиот Клинички центар имал 14 години, а најстриот 63 години.

Оттаму соопштија дека сите пациенти се пуштени дома. Оваа година на клиниката нема граѓани примени поради предозирање со дрога.

„Во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија се прегледани вкупно 29 акутно алкохолни токсикации, од кои, најмладиот пациент има 14 години. Највозрасниот има 63 години, а за среќа немаме предозирани со психотропни супстанци, исто така, немаме случаи на кома. Сите пациенти по неколку часа третман на клиниката се пуштени дома“, вели доктор Ирена Јуруков.

Три лица повредени од пиротехнички направи се примени во Хируршкиот центар, вели доктор Алберт Леши, додавајќи дека прегледале 105 пациенти.

„Во Хируршки центар беа примени 13 лица, 6 повредени од сообраќајни незгоди, тројца се повредени од пиротехнички направи. Еден пациент е префрлен од болницата „8-ми септември“, со повреди од остар предмет. Во споредба со претходните години, бројот на пациенти е намален. Граѓаните наредните денови да внимаваат со внес на храна и да не возат во алкохолизирана состојба“, рече Алберт Леши.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он