ВИДЕО: Две лица загинаа во пожарите во Австралија

Од:

Најмалку две лица настрадаа денеска во пожарите што горат во две од најнаселените држави во Австралија.

Околу 4,000 жители на градот Мелекута на југоистокот на земјата, во државата Викторија, утрово бегаа кон водата додека силниот ветер го носеше пожарот кон нивните домови, пренесе агенцијата АП.

Околу пет милиони акри земја се изгорени низ целата земја во последните месеци, 12 лица загинаа и повеќе од илјадници домови уништени.

Повеќе од 100 пожари гореа ширум државата Нов Јужен Велс.

Комесарот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Шејн Фиксимонс изјави дека оваа сезона е рекордно најлоша досега и создаде мрачна долгорочна слика.

„Видовме невообичаено однесување на пожарите“, рече тој, додавајќи дека она што им е потребно е дожд и засега не се очекува.

Кризата поврзана со пожарите предизвика дебата за тоа дали владата на премиерот Скот Морисон презела доволно мерки за климатските промени.

Австралија е најголем извозник на јаглен и течен природен гас во светот.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ