Вооружен напад врз грчки танкер во Камерун – киднапирани осум членови на екипажот

Од:

Врз грчкиот танкерот „Happy Lady“, закотвен на пристаништето во Камерун, бил извршен вооружен напад и киднапирани осум членови на екипажот, а еден од нив бил повреден.

Како што соопштуваат од Министерството за поморство на Грција, инцидентот се случил рано утрово, киднапираните осум од 28 членови на екипажот се петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец, а за време на инцидентот бил повреден еден од грчките државјани.

За нападот, веднаш било известено Министерството за надворешни работи на Грција, а министерот за поморство Јанис Плакиотакис дал наредба на надлежните служби во министерството, во соработка со МНР и компанијата во чија сопственост е танкерот, внимателно да го следат случајот.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина