Постепено се нормализира сообраќајот на автопатот Атина – Ламиа

Од:

По повеќе од три часа, делот од автопатот Атина – Ламиа повторно е отворен за сите возила, а сообраќајот полека се нормализира, откако претходно, поради силните врнежи од снег, со одлука на полицијата, беше затворен и во двата правца.

Грчката полиција соопшти дека во 20.25 часот по локално време сообраќајот се нормализирал, како за автомобилите така и за камионите и автобусите.

На местото каде што сообраќајот беше во прекин, се упати и министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис, заедно со генералниот секретар од Министерството, Јоргос Карајанис, кој за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека е создадена три и пол километарска колона од возила, а се очекува околу 21.30 часот комплетно да се нормализира сообраќајот.

Сообраќајот на автопатот беше прекинат во делот пред влезот во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на околу 40 километри од центарот на грчката престолнина. Станува збор за дел од главниот автопат во Грција што ги поврзува Солун и Атина.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина