„Секој граѓанин има право да го искаже својот став преку разни иницијативи, протести итн. Правото на протест е неприкосновено право загарантирано со Уставот.
Министерството за здравство, покажа дека има слух за подобрување на состојбата и условите за работа на медицинскиот кадар во Република Северна Македонија.
Оваа Влада, во 2018 година за првпат ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Дотогаш, тие воопшто не беа платени“, велат од Министерството за здравство.
„Вложуваме во човечкиот капитал. Инвестираме во приватните специјализанти, тие да бидат мотивирани и задоволни во својата работа.
По средбата со приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019 се договоривме и донесовме одлука, тие да бидат платени за својата работа од февруари 2020 година.
Исто така, постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти, со што пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања.
2019 година ја заокружуваме како година во која инвестираме како никогаш досега во вработувања на млади лекари, зголемувања на плати и подобрување на условите за работа. Со ова темпо, продолжуваме и во 2020 година. Приватните специјализанти ја имаат нашата поддршка и заеднички создаваме функционален и одржлив здравствен систем“, соопштуваат од Министерството за здравство.