Грчките медиуми за локалните избори во Македонија

Од:

Во недела во Македонија ќе се одржат локални избори, во сенка на интензивните конфронтации меѓу Владата и опозицијата, јавуваат денеска грчките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, медиумите воглавно без коментар информираат за изборите во Македонија, повеќето пренесувајќи го извештајот на државната новинска агенција АНА-МПА.

– Кампањата, која завршува на полноќ, беше спроведена со високи тонови, со митинзи на партиите на кои зборуваа воглавно нивните лидери кои се обвинуваа меѓу себе за прашања од централната политика, додека темите што ги засегаат локалните заедници беа минимализирани, пишува „Катимерини“.

Грчките медиуми информираат дека македонскиот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакнал дека „изборите на 24 март се всушност референдум за иднината на земјата“, додека опозицискиот лидер Бранко Црвенковски изјави дека „изборите ќе го одбележат почетокот на конечната битка за соборување на режимот на Груевски“.

Според аналитичари во Скопје, на кои се повикува државната агенција, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се очекува да победи во повеќето општини со македонско население, додека албанската партија ДУИ предводена од Али Ахмети се очекува да победи во повеќето општини со албанско население.

Според истите проценки, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски се очекува да биде реизбран за градоначалник на Скопје.

Грчките медиуми потсетуваат дека Европската комисија ја нагласи потребата локалните избори во Македонија да бидат фер и демократски и во согласност со меѓународните стандарди, затоа што во спротивно може да има негативни последици врз европскиот курс на земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит