Против поранешниот француски претседател Никола Саркози покренато е прелиминарно обвинение, поради сомнеж дека за изборната кампања од 2007 година примил донации од најбогатата жена на Франција, Лилијан Бетанкур.
Според адвокатот Антоан Гијо, судот по повеќе часовно сослушување наложил истрага против Саркози, што е само чекор за започнување на формално обвинение.
Саркози во ноември беше клучен и потенцијално обвинет сведок во истрагата против девесет годишната наследничка на имотот на компанијата „Лореал“.
Елена Георгиевска