Ветераните на одбојкарскиот клуб Југохром се победници на четвртиот турнир за ветерани „Тетово опен 2019“. Во финалето на турнирот што денеска се одигра во Тетово, Југохром ја совлада Струмица со 2-0 или со 21-11 и 21-18 по сетови.
Во полуфиналните дуели Југохром ја совладата екипата на 11 Октомври од Прилеп со 2-0 (22-20 и 21-8) додека Струмица го совлада Вардар со 2-0 (21-14 и 21-17)
За екипата на Југохром настапија поранешниот селектор Жарко Ристоски, Ивица Хаџи Иљоски-Чајка, Марјан Шуменковски, Ванчо Милошески, Тасо Угриновски, Борче Мирчевски и Борис Чуприна.
Турнирот беше во организација на Федерацијата на спортски ветерани и Здружението на спортски ветерани „Шарпланинец“ од Тетово, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.