Еден потешко и еден полесно повреден во излетување на две возила на автопатот Тетово-Скопје

Од:

Еден тешко и еден полесно повреден е билансот на сообраќајната несреќа ноќеска на автопатот Тетово-Скопје поради излетување на две возила. По излетување на првиот возач, поради остатоците од возилото и инфраструктурата на автопатот уште еден автомобил излетал од коловозот, информира денеска СВР Тетово.

-Патничко моторно возило „Опел Астра“ со тетовски таблици управувано од 33 годишен тетовец Д.А изгубило контрола и излетало од коловоз. Возилото удрело во метална заштита ограда и се превртело. Возачот кој бил сам во возило, здобил тешки телесни повреди, а по пружањето лекарска помош во тетовска болница е однесен на скопските клиники. Како последици на сообраќајна несреќа, поради остатоци од оштетена ограда и скршено стакло од коловоз излетало возило „Рено лагуна“ со тетовски таблици управувано од 24 годишна Ф.М од Палатица. Таа исто така била сама во возилото, но поминала со лесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сообраќајната несреќа околу 21 часот се случила кај ткн. Требошки надвозник.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба