Ѓорѓиевски вети изградба на две мултинаменски спортски терени во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски денеска вети изградба на две мултинаменски спортски терени на простор во населбата „Зелен Рид“.

Во програмата, подвлече тој, предвидена е изградба на две тениски игралишта на овој простор, мултифункциононално игралиште помеѓу населбите „Ајдучка Чешма“ и „Иго Тричковиќ“, доизгрдба на градскиот стадион, како и изградба на три спортски сали во училиштата „Јероним Дерада“,„Кирил и Методиј“ и „Наце Буѓони“.

На кандидатот за градоначалник Ѓорѓиевски денеска поддршка му даде и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и посочи дека на овој простор благодарение на него ќе изникне уреден простор за спортување кој освен жителите на „Зелен Рид“, ќе го користат и граѓаните на Куманово.

– Денеска сме тука во условно речено една од најурбаните делови во Куманово и сите може да видиме како изгледа дефиницијата на Зоран Дамјановски и неговите ментори од СДСМ за развој на спортот. Иако, кумановци ја сметаат населбата за една од најурбаните од она што може да се види на терен е дека не постојат никакви услови за рекреација, просторот е запоставен. Нешто што потестува за желбата за рекреација се само стативи кои се стари неколку децении, изјави Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме