(ВИДЕО) Јовески: Поединечно ќе се оценува работата на секој јавен обвинител

Од:

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави поеднинечно оценување на работата на јавните обвинители преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите.

„На овој начин ќе се евидентира работата и ќе се детектираат слабостите во работењето на секој јавен обвинител со единствена цел, зголемување на ефикасноста во постапувањето“, рече Јовески.

Во своето годишно обраќање, тој истакна дека 2019 е година во која се докажало дека Обвинителството самостојно работи и одлуките не се носат во нечии кабинети.

„Потребно е носење на нов закон за Јавно обвинителство, но тој мора да биде квалитетен и издржан. Подобро е да не се донесе закон, отколку да се донесе лош закон“, рече Јовески.

Во оваа година биле подобрени просторните услови на 11 основни јавни обвинителства, а од тие 11, три ќе добијат нови комплетно опремени простории.

Јавниот обвинител се пофали дека за разлика од минатото, сега Обвинителството е потранспарентно и истакна дека за разлика од порано, сега се постапува и по сопствена иницијатива.

„Еден од принципите за кој особено инсистирам е транспарентноста. Имаме редовна и навремена комуникација со медиумите.Вие новинарите сте поддршка за нашата работа“ – се пофали Јовески.

Според Јовески, доказ дека никој не е над законот се постапките покренати против јавен обвинител, судија, пратеник, службени и одговорни лица.

„Еден од големите предизвици беше опасноста предметите од СЈО да пропаднат, затоа донесовме одлука за преземање на овие предмети. ЈО од СЈО презема три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмети за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, 6 предмети кои се во предистражна постапка, 80 други предмети кои се однесуваат на предистражна постапка и дел по барање за воспоставување надлежност, 38 по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вондредни правни лекови“, рече Јовески.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски