Референт во полиција барал 400 евра за лична карта

Од:

Четириесет и петгодишниот Г.Ѓ. од Крива Паланка, вработен како референт по лични карти, е притворен поради кривично дело, примање поткуп.

Имено Г.Ѓ. е приведен по пријава дека ја злоупотребил службената положба, бидејќи побарал од еден согрѓанин Д.С (29) да му плати 400 евра, за веќе изготвена лична карта.

Д.С на референтот му рекол дека нема пари за да му плати, но тој кажал дека не го интереисира, да се снајде, доколку сака да си ја земе личната карта.

Тој веднаш случајот го пријавил во полиција, му дал 400 евра, за да си ја земе личната карта, а полицските службеници од кумановската полиција извршиле претрес во канцеларијата на референтот и ги пронашла и одзела парите.

Против пријавениот претходно имало поднесувано пријави за шумски кражби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он