Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2, државната поддршка реализирана 99 отсто

Од:

Реализирани се 99 отсто од годинашните средства за национална поддршка на земјоделството и руралниот развој, а утре ќе биде објавен повик за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи проектиран на 13,3 милиони евра од ИПАРД 2, најави денеска директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Мерката се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за млеко и млечни производи, месо и производи од месо, вклучително јајца и живина, овошје, зеленчук, житарки, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

На средба со новинарите Бабовски информира дека со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од ИПАРД 2014-2020, а 25 проценти од Буџетот на државата.

-Рокот за аплицирање почнува од сабота, 28 декември, и ќе трае до 11 февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.352.375,68 евра. Со ова, Владата, Министерството за земјоделство и Платежната агенција уште еднаш потврдуваат дека силно се фокусирани на развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот. Преку осовременување на постоечките и отворање нови производни капацитети очекуваме да постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи, изјави директорот.

Потребните обрасци од „Барањето за користење средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатството за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации неопходни за изготвување барање за користење на ИПАРД средствата, може да се преземат од веб страницата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk. Печатените обрасци, пак, може да се подигнат директно во Агенцијата во СКопје, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци