ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е вмешан во аферата „Рекет“

Од:

„Никола Димитров е вмешан во аферата „Рекет“. Сведок во процесот кажа дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев.

Наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува. Кои се мотивите за ваквото однесување, треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитров пред неколку месеци прво излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои јавноста има право да знае што има во него.

Никола Димитров да не го сокрива документот и да не ја прикрива вистина. Нека го предаде во обвинителството, заради тоа што самиот е свесен дека по закон се одговара за прикривање на кривично дело.

Со изјавите дека тој не е вмешан и немал никакви сознанија, министерот за надворешни работи се дави во вртлогот на лаги исто како и неговиот патрон Заев, чија вмешаност во овој случај е очигледна. Кого се обидува да штити Димитров?

Одговорност мора да има, ако Димитров знаел за рекетирањето, а истото не го пријавил, самиот е вмешан во најкриминалната афера на оваа крими влада којашто ја штити.

Вистината излегува на виделина. Димитров и Заев нема да можат да се скријат од одговорноста којашто ќе биде побарана за да биде намирена правдата по 12-ти април“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски