(ВИДЕО) Антовски: Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар

Од:

„Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица.

На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители“, рече Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.

Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица.

Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар.

Буџетите на ЕЛЕМ и МЕПСО, наместо за изградба на нови капацитети и реконструкција на истите се користат за поткуп на гласачи.

Честите испади во електроенергетскиот систем што беа во Скопје и Битола, а пред 4 дена и половина Македонија остана без снабдување со електрична енергија, се доволен доказ дека СДСМ троши само за партиски вработувања, наместо за правилен развој и одржување на енергетските капацитети во земјата. Тоа е спротивно од она што го ветуваа пред да дојдат на власт.

Единствено не се знае до кога АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе можат да ја издржат оваа енергетска „авантура“ на власта во заминување!“, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ