(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Со систематизацијата во МВР власта сака да го опструпира новиот технички министер Скопје

Од:

„Зоран Заев и Оливер Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици, се со цел да го опструираат техничкиот министер и неговите наредби временски да се забават и развлечат.

Со новата систематизација спротивно на Законот за полиција се определува секоја полициска станица да стане ОВР и истата да добие началник, кој ќе му биде надреден на командирот на полициската станица. И истиот тој началник ќе ги опструира наредбите од началникот на СВР“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер.

Началниците на ОВР ќе бидат луѓе на Спасовски и ќе имаат за задача да ја оневозможат работата на техничкиот министер. Работа за која ако некој се обиде да ја направи ќе одговара согласно законот.

Партизацијата на МВР е на сите нивоа. Вчера Спасовски почна да си ги распоредува советниците на клучни позиции во министерството. Имено во помошен директор на БЈБ и шеф на одделот на крим полиција е поставен Оливер Лукаревски, а досегашниот помошник директор Марјан Коцев е поставен на местото началник на СВР Штип, додека за началник на Секторот за меѓународна соработка е поставен Рефик Ќерими.

Партизацијата е буквално на сите нивоа. Но тоа нема да им помогне, ниту на СДСМ, ниту на Спасовски, ниту на Зоран Заев на 12-ти април СДСМ губи и тоа е повеќе од извесно во Македонија. По 12-ти април следува обновата на Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски