Барозо: Границите на ЕУ нема да се отворат се додека Русија не постигне напредок во областа на човековите права

Од:

Жозе Мануел Барозо ја предупреди Русија дека нема да има напредок во безвизниот режим без напредок во областа на човековите права, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на интервју со претседателот на Европската комисија, објавено денеска во рускиот весник „Комерсант“.

-Водиме сложен дијалог за визното прашање, но важно е нашите руски партнери да донесат мерки во областите, договорени со нас, како што се борбата со корупцијата, перењето пари, безбедноста на личните податоци, правата на човекот, изјавува Барозо во интервјуто.

Во оваа етапа од процесот би било штетно да го определиме датумот за влегување во сила на безвизниот режим за движење, дополнува претседателот на ЕК, кој учествува во дводневната средба во Москва со руските функционери во рамки на соработката меѓу Русија и Европската унија.

Изјавата на Барозо е одговор кон рускиот претседател Владимир Путин, кој на средба на врвот во Брисел во декември минатата година инсистираше на воведување безвизен режим.

Русија со години наназад преговара со ЕУ за укинување на визите и редовно го критикува Брисел дека го политизира прашањето.

Во 2011 година беше донесен план за етапно преминување кон слободно движење, што освен темите за безбедноста на пасошите и борбата со нелегалната имиграција, вклучува и услови поврзани со човековите права и правната држава.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети