„НАТО Недела – Обезбеди ја иднината“ – проект за запознавање на младите со НАТО

Од:

Со проектот „НАТО недела-Обезбеди ја иднината“ ќе се одбележи денот на северноатлантскиот договор во Вашингтон, 4-ти април. Проектот е во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Младината на ЕАСМ.

НАТО неделата ќе се одбележи од 28-ми март до 5-ти април преку различни активности на кој воедно ќе учествуваат млади луѓе, експерти, политичари, бизнисмени и амбасадорската фела на Република Македонија.

Проектот ќе започне со НАТО студентска симулација и промоција на Социјалната мрежа за безбедност. Имено, студентската симулација се одржува по четврти пат. Крајот ќе се одбележи со предавање за „НАТО и партнерите: формирање на идната врска“.

Целта на проектот е младите да се запознаат со НАТО, и нејзината улога и нејзините цели.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија