(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски го кршат Законот за полиција и го враќаат МВР 15 години назад

Од:

„Зоран Заев и Oливер Спасовски, директно го кршат Законот за полиција и прават криминал. За кој што криминал подоцна ќе треба да одговараат. Промената на систематизацијата во МВР е незаконска, тоа го знаат сите полицајци и старешини во МВР, а нормално го знаат и Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и ја враќаат МВР 15 години назад.

Уредувањето на полициските станици во ОВР е директна опструкција на техничкиот министер и тие се брана помеѓу началниците на СВР и полициските станици, и нормално тоа има за цел да ги спречи наредбите на новиот технички министер“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера во само еден ден се прераспоредени над 300 бивши вработени во УБК, кои не беа распоредени во АНБ на места според старата систематизација, која веќе не е во сила.

Оливер Спасовски вчера подели 300 решенија кои се незаконски и кои немаат правен основ.

Дополнително распоредува над 1.000 службеници во МВР спротивно на законот, за само еден ден има поделено над 1.000 нови решенија.

Спасовски врши класична злоупотреба на Законот за полицијата. Спасовски наместо министер сега во моментов е во улога на партиски кадровик.

Треба да знаат дека го кршат законот и многу брзо ќе има одговараат за ова незаконско работење. Апелираме до сите вработени да не подлегнуваат кон притисоците и заканите на Оливер Спасовски.

Игрите и опструкциите мора да запрат. Демократијата не смее да се попречува.

Сите злоупотреби кои сега се прават ќе бидат испитани и ќе следат соодветни кривични пријави за сите инволвирани“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски