Штрајк на вработените во грчката железница од 23 до 25 март

Од:

Возовите во Грција нема да се движат од 23 до 25 март поради непрекинати 24-часовни штрајкови на вработените од железничката компанија ОСЕ во земјата, објави сајтот „Њуз ин“.

За време на тридневните штрајкови освен возовите на компанијата ОСЕ, нема да работат и електричната железница што ги поврзува центарот на Атина и предградијата.

Вработените во индустријата бараат потпишување на колективен договор и го обвинуваат раководството на железницата дека подготвуваат нови намалувања на платите.

Сообраќајот на товарните возови во Грција ќе биде во прекин од 26 до 29 март поради секојдневни осумчасовни штрајкови на вработените.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит