ВИДЕО: Укината полициската „Алфа“, интервентна единица ќе се грижи за безбедноста на скопјани

Од:

Министерството за внатрешни работи ја укина полициската единица „Алфа“ формирана во 2005 година за брз одговор на уличниот криминал. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека место „алфите“, за безбедноста на скопјани ќе се грижи нова единица која ќе биде спој на единицата „Алфа“ и на единицата за јавен ред и мир.

„Направена е реорганизација. Формирана е нова интервентна единица по примерот на повеќе европски држави кои што имаат крајна цел да имаме поголема видливост и активност на луѓето – полицајците на терен. Ќе се спојат единиците за јавен ред и мир и единицата ‘Алфа’ во интервентна полиција која што ќе работи на заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на Скопје“, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ