(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски ги кратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена

Од:

Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена. Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ. Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка.

Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер. Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат. Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата.

Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12-ти април конечно доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“ истакна Ѓорѓиевски.

На прашањето која е разликата ако техничкиот министер што ќе дојде го направи истото, Ѓорѓиевски вели дека има голема разлика, дека има голем број старешински места на кои што како во досегашната систематизација ги немало.

„Од друга страна имаме укинување на единицата „Алфа“, знаеме кои се надлежностите на единицата „Алфа“ и имаме огласи кои што се распишуваат во траење на само од 48 часа. И за тие 48 часа луѓе треба да аплицираат и да бидат назначени. Што ќе правиме со луѓето кои што не се во Република Македонија и се спречени да аплицираат итн. Значи станува збор за луѓе од списокот на Зоран Заев и Оливер Спасовски кои што ќе бидат по партиска директива дирегирани на места во министерството за внатрешни работи и ќе имаат се со цел да го стопираат процесот кој што треба да го изврши министерот технички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, знаеме дека техничкиот министер е единствено задолжен за да спроведе фер и демократски избори. Напоредно на сето тоа значи на секој му е јасно во Република Македонија која е намерата и целта на Зоран Заев и Оливер Спасовски да во Република Македонија нема фер и демократски избори“ вели Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ