Со автоматска пушка пукано е врз Борис Мутков – Фантом, пренесен е на Ургентен

Од:

Вечерва непознати лица пукале кон Борис Мутков, познат под прекарот Фантом, додека тој се движел со автомобил марка „мерцецедес“ во скопската населба Бардовци каде што живее, дознава „А1он“.

Фантом е пренесен во Ургентниот центар во болницата „Систина“ со прострелни рани во телото и неговата состојба е критична. Кон него, според неофицијалните информации, било пукано со автоматска пушка. Претпоставките се дека пукањето врз Фантон е поврзано со пукањето во хотелот „Александар Палас“ што се случи минатиот месец.

Фантом важеше за пријател и соработник до Џелал Ајети – Џељо од Арачиново, водач на криминалната група „Беланоца“ која се бавеше со лихварство и трговија со дрога.

Мутков пред два месеци беше нападнат и брутално претепан во една скопска дискотека од припадници на криминалната група од селото Грчец.

Тој беше осуден на условна казна затвор за настаните од 27 април, а пред судот се бранеше дека не знаел дека тоа што го прави во Собранието е кривично дело и дека за тоа е предвидена казна во Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари