Технолошката компанија Симба тврди дека ја решила вековната битка на брачните двојќи над ќебињата, создавајќи ќебе во склоп со кревет што партнерите не можат да го повлечат едни од други затоа што постојано се завиткува.
Креветот содржи „бесконечно ќебе“ со систем на ролери што гарантира дека ќебето е секогаш рамномерно распоредено. Додека корисникот се тркала и се тркала во текот на ноќта, ќебето се движи со него низ серија ролни и се затегнува пред да биде откриена другата страна.
Компанијата почнала да работи на овој проблем откако откриле дека „кражбата“ на прекривката е еден од главните проблеми помеѓу партнерите во Велика Британија. Се верува дека едно од четири лица имаат немирен сон поради „крадењето“ на прекривката, а едно од шест лица ја прекинало врската поради тоа.
Овој кревет може да им се допадне на љубителите на ентериери а исто така и поради функцијата на далечинскиот управувач на ротирачкото железо во подножјето на креветот, што истовремено го чисти и пегла ќебето. Креветот Duvet Diplomat е во фаза на тестирање и чекаат реакциите на потрошувачите.