Жител на Могорче обвинет за илегално поседувње оружје и муниција

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против лице од дебарското село Могорче, осомничено за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Како што се наведува во соопштението, на 15 септември 2017 година, во домот на обвинетиот во Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Застава“ и рамка со муниција со 6 куршуми со калибар од 6,35 милиметри, кои ги држел неовластено.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа