(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Вистинското лице на животот што го донесе Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици

Од:

„Вистинското лице на животот што го донесе Зоран Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доцна синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници“, рече Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки.

Како и вообичаено по секој кривичен настан, Оливер Спасовски и МВР немаат реакција. МВР продолжува да молчи за овој случај.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот напад.

Ваквото однесување покажува дека власта во заминување е исплашена и во паника не бира средства. На ваквото однесување мора да му се стави крај. Професионалците во МВР мора да се одважат и да ги откријат и изведат пред лицето на правдата насилниците и сите оние кои се инволвирани и кои што ја дале наредбата за напад. Ова насилство не смее да остане нерасчистено и покриено како останатите случаи во кои МВР по политичка нарачка ги штитеше криминалците и насилниците.

Зоран Заев и СДСМ се закануваат и ја злоупотребуваат власта. Времето на закани наскоро поминува.

За 10 дена завршува криминално – политичката коалиција на власта. Со заминувањето на Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе има и одговорност за секој еден кој што се огрешил пред законите“, изјави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски