Газа: Истрелани две ракети кон Израел

Од:

Од територијата на Газа, денес се истрелани две ракети кон југот на Израел, втор ден по посета на американскиот претседател Барак Обама, на Блискиот исток.

Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека првата ракета експлодирала во двор на една куќа, во местото Сдерот, на самата граница, но за среќа нема повредени, ниту поголема материјална штета. Втората ракета паднала на отворено поле.

Се уште никој не презеде одговорност за овој напад, кој се случи додека претседателот Обама беше во Ерусалим. Тој денес ќе го посети градот Рамала, на Западниот брег.

Обама во 2008 година како претседателски кандидат го посети Сдерот, кој е честа мета на ракетните напади од териорија во близина на Газа, со која управува екстремистичката палестинска организација Хамас.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег