Боки 13 повторно кај Русковска, откако во петокот повеќе од 8 часа беше на распит

Од:

Обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска повторно ќе биде спроведен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Тој доаѓа кај Русковска за да продолжи со давањето исказ за работата на Меѓународниот сојуз, откако во петокот повеќе од 8 часа се задржа кај неа. Истрагата за овој случај е завршена, а останатите осомничени веќе беа известени за тоа.

Обвинителството во овој случај ги гони заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, почесната претседателка – Фросина Ременски, како и самиот Бојан Јовановски. Изминатата недела сите, освен Бојан Јовановски завршија со давањето искази.

Душко Јанковиќ кој е бранител на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ по нејзиниот распит рече дека таа била донесена во заблуда од страна на Бојан Јовановски како претседател на Меѓународниот сојуз.

Ременски пак, смета дека по исказот даден пред Русковска, таа нема да биде повеќе осомничена во случајот. Обвинителката Вилма Русковска најави обвинение за овој случај на почетокот од идната година.

Би можело да ве интересира

Пет години затвор за Боки 13 за „Меѓународен сојуз“

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра