Локалните избори ќе ги следат 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи

Од:

Шестите локални избори во Македонија, што ќе се одржат в недела, ќе ги следат 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.

Граѓанската асоцијалција МОСТ акредитираше 3.941 набљудувач, Здружението за хуманитарни активности „Синергиј“-Штип 3.534, МЦМС 392, Сојуз на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“ 379 и НВО Цивил 128 набљудувачи.

Изборите ќе ги следат и 204 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, по 38 од ОБСЕ и амбасадата на САД, 32 набљудувачи на Делегацијата на ЕУ, 17 на Централната изборна комисија на Косово, 16 од Советот на Европа, седум од амбасадата на Франција, по пет од амбасадите на Косово и на Турција, по четири од бугарската, руската, австриската и кинеската амбасада и Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, по тројца набљудувачи од британската, хрватската и албанската амбасада, по двајца од словенечката, украинската, шведската и српската амбасада и еден од амбасадата на Република Словачка во Македонија. Комисијата за избори, жалби и приговори има акредитирано шестмина набљудувачи, а изборната комисија на Словенија четворица.

За потребите на странските набљудувачи, според ДИК, ќе бидат ангажирани 281 преведувач.

За информирање за изборите, до вчера, во ДИК беше акредитирана само екипа на ХТВ.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД