Изложба на фотографии по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Од:

По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата вечер во Мала Станица ќе биде отворена изложба на фотографии „Поглед од прозорец“ на авторот Роберт Јанкулоски.

Изложбата ја организираат Македонскиот центар за фотографија и Националната галерија на Македонија.

Проектот „Поглед од прозорец“ е реализиран во 2012 година во Париз, а е инспириран од истоимената фотографина на еден од пронаоѓачите на фотографијата и на фотографскиот медиум, францускиот фотограф Жозеф Нисефор Ниепс. Станува збор за првата регистрирана фотографија направена како поглед од еден прозорец, со глетка на приградска панорама.

Роберт Јанкулоски е роден во Прилеп, 1969 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек Филмска и ТВ Камера во 1997 година. Магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во 2011 година. Основач е и директор на Македонски центар за фотографија. Има одржано 26 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби. Добитник е на неколку награди од областа на фотографијата и филмската камера.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска