Дачиќ-Тачи: Постигнат напредок во дијалогот, нова средба на 2 април

Од:

Најновата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина е завршена без договор иако најавите беа дека е постигнат напредок и оти со оптимизам може да се очекува продолжување на дијалогот закажан за 2 април.

– Белгради Приштина се близу решение, изјави Кетрин Ештон, претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност по завршувањето на седмата рунда од дијалогот меѓу премиерот на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи.

Никој од разговорите не прецизира во кои елементи е постигнат напредок во дијалогот, јави Танјуг.

Ештон по 12-часовните разговори, ја пофали контруктивноста на Дачиќ и Тачи констатирајќи дека двете страни треба пред евентуалното постигнување договор да извршат неопходни консултации.

Премиерот на Србија изјави дека во последната рунда од дијалогот со Приштина е постигнат одреден напредок, но во овој момент не може да каже дека двете страни се ниту близу ниту далеку од договор за северот на Косово.

– Како што времето изминува, оптимизмот за решение би можел да биде се поголем, изјави Дачиќ на првата прес конференција со Тачи и Ештон.

Србија, според него сака договор заради стабилност на целиот регион и доброто на граѓаните, а не заради добивање датум за почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Не можам да кажам дека сме близу ниту дека сме далеку од договор, бидејќи во секој момент погледот на тоа каде сме се менува, нагласи Дачиќ.

Напредок во извесни прашања потврди и Тачи кој исто така не можеше дали двете страни во дијалогот се близу или далеку од решение.

– Потврдувам дека имаше напредок во одредени прашања, но ни јас не можам да потврдам дека сме близу или далеку од решение, но барем одиме во вистинска насока, очекувам на крајот да дојдеме до решение за нормализација на ситуацијата пред се во северна Митровица, изјави Тачи. Тој додаде дека напредокот кој е постигнат во изминатите шест месеци претходно бил незамислив.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски