Парламентарни избори во Узбекистан

Од:

Во Узбекистан денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои учествуваат пет партии кои го поддржуваат реформистичкиот претседател Шавкат Мирзиоев.

Денешните избори се први откако Мирзиоев ја презеде власта во 2016 година по смртта на Ислам Каримов, кој 27 години владееше со поранешната советска република со население од 33 милиони.

Мирзиоев, кој претходно беше премиер, вети дека земјата ќе ја отвори кон светот, по неколкудецениска целосна изолација.

Изборите се одржуваат според модернизиран изборен систем по кампања во која за првпат во историјата на Узбекистан се одржуваа телевизиски дебати на кандидатите.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ, сепак, во својот извештај наведе дека треба да се направат уште многу работи, а препораките на организацијата се однесуваат на правата на собири, здружување и изразување.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, 160 се повредени во експлозија што се случи во Узбекистан

(ВИДЕО) Експлозија во близина на аеродромот во Ташкент, има повредени

Како ќерката на диктатор изгради империја вредна 240 милиони долари

16 тешко повредени по експлозија во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан

Експлозија во воен магацин во Узбекистан, најмалку 16 повредени

Во Узбекистан почнува самитот на Шангајската организација за соработка, Путин и Си ќе имаат средба

А1он