ВМРО-ДПМНЕ: Заев се обидува на шверцерски начин да ги злоупотребува помалите коалициски партнери

Од:

СДСМ и нивниот претседател Заев се исплашени од претстојниот голем пораз што следува на 12-ти април, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

„Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

На ова дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6.000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ и ОДИХР.

Крајот се ближи на Заев, на 12-ти април започнува големата обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ