Американскиот државен секретар Мајк Помпео се заблагодари на Босна и Херцеговина што прифати враќање на 25 нејзини државјани од Сирија, меѓу кои и седуммина осомничени членови на Исламската држава.
– Се заблагодаруваме на Босна и Херцеговина што врати 25 лица од Сирија, странски терористички борци и членови на нивните семејства. Соединетите Американски Држави ги охрабруваат другите земји да го следат примерот на БиХ и да ги вратат своите граѓани од странските боишта, потоа да ги санкционираат, дерадикализираат и да ги интегрираат во општеството, напиша Помпео на Твитер.
Судот на Босна и Херцеговина одреди притвор за петмина осомничени припадници на Исламска држава, кои беа депортирани од Сирија поради опасност од бегство.
Тие се под истрага за организирање терористичка група, формирање и приклучување кон странски борбени формации и за тероризам.