Американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан, Филип Рикер, вечерва во Брисел изјави дека верува дека е можно да се постигне договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина, под услов двете страни да бидат конструктивни и насочени на иднината на своите народи.
-Верувам дека е можно да се најде решение, рече Рикер откако денеска во Брисел имаше одвоени средби со учесниицте во дијалогот и функционери на ЕУ.
Американскиот дипломат подвлече дека САД силно го поддржуваат процесот на нормализација меѓу Србија и Косово и дека таа порака вчера од Рим на српските и косовските лидери им ја пренесе и американскиот потпретседател Џо Бајден.
-Со учеството во овој процес лидерите на Србија и Косово ја прават вистинската работа, рече Рикер и нагласи дека за двете страни е неопходно политичките лидери да имаат конструктивен пристап, да се фокусираат на европската иднина, а не на минатото.