Лидерите на еврозоната доцна синоќа се договорија да се обидат да им омогнат на Шпанија и Италија со директна помош на банките што се во криза, како и да издвојат 120 милијарди евра за поттикнување на европската економија.
Спогодбата е постигната откако Германија попушти во инсистирањето за строги мерки на штедење во замена за пари за помош на државите.
По самитот на еврозоната кој заврши рано изутринава, претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј најави дека до крајот на оваа година ќе се воведе механизам на директна докапитализација на банките, под одредени услови и преку фондовите за помош.