СДСМ: Сите капацитети ги ставаме во служба на граѓаните, нивните интереси и иднината на државата

Од:

„На големата граѓанска трибина „На прав пат“ во преполната сала Борис Трајковски граѓаните, јавноста, видоа нов, енергичен, динамичен СДСМ со модерен европски концепт, партија целосно мотивирана за работа во интерес на граѓаните.

СДСМ постојано се менува, обединува, вклучува и промовира нови луѓе, политики и нов начин на работа и делување во интерес на граѓаните.

Сите капацитети СДСМ ги става во служба на граѓаните, нивните интереси и иднината на државата“, велат од СДСМ.

„Преку бројните активности, над 600те маалски и урбани средби, над 20те граѓански трибини низ државата, преку секојдневните посети на наши членови и активисти од врата до врата, го слушаме гласот на граѓаните, ги нотираме нивните потреби и барања и заеднички наоѓаме решенија.

Нашите тимови остануваат со граѓаните.

Сите забелешки и предлози внимателно ги анализираме и ги вградуваме во решенија од новата програма со која ќе настапиме на предвремените парламентарни избори.

Граѓаните го препознаваат и се приклучуваат на одговорниот и развоен концепт на СДСМ. Тоа го покажа масовното присуство на трибината во „Борис Трајковски“ но и претходните трибини ширум државата.

Таква ќе биде понудата на СДСМ и за следните избори на 12 април.

Модерна, одговорна, развојна и во интерес на граѓаните и посветена на иднината на државата.

Затоа СДСМ убедливо води на сите анкети и е убедлив фаворит на предвремените парламентарни избори на 12 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме